Makedonski
Аргументирано дискутирање во демократија
Слободата на говорот е основата за здрава демократија. За една демократија да опстои, граѓаните мораат да знаат како и треба да сакаат да изразуваат и разменуваат идеи меѓу себе и со нивните претставници во власта. Слободниот говор дава сигурност дека спротивставените гледишта ќе бидат слушнати и разбрани. Аргументираното дискутирање во врска со тие гледишта може да им помогне на граѓаните да донесат подобри одлуки.
Што е аргументирана дискусија?
Аргументирана дискусија (полнозначна дискусија) е насочена размена на идеи и анализа на аргументи која се одвива со цел да се донесе одлука.